|
Како да го дотерам седиштето? |
|
|
|
Седни на седиштето, на педалите застани со петиците и пробај да возиш. Кога ќе дојде стапалото во најниската положба, коленото од истата нога не смее целосно да се исправи, нека остане мал агол. Ова е нај едноставниот начин за одредување на положбата. Патем, не е исто дали возиш MTB или road bike! Кога возиш road bike, газиш повеќе кон прстите, MTB , BMX ... газењето е кон средината од стапалото.
|
|
Повеќе...
|
|
Kога возам, ми трпнат рацете! |
|
|
|
Најверојатно имаш неправилно држење на воланот, не се потпирај на него, служи за управување!Свиткај ги рацете благо во лактите и повлечи го тежиштето на телото кон назад, балансот напред назад регулирај го со горниот дел од телото!
|
|
Повеќе...
|
|
Што да јадам пред возење? |
|
|
|
Пред возење најдобри се житарките и мусли. Скара, сарми, сувомесни производи, заборави, ако не сакаш да ти приседне возењето. За време на возење ‘‘бонжити‘‘ , енергетски гелови и чоколада, апетисани...По возење што ти душа сака, твој избор!
|
|
Повеќе...
|
|
Кога возам многу се потам! Колку вода да пијам? |
|
|
|
Зависи . Ако е топло по често. Летно време при интензивно возење, по една-две голтки на 20-30 мин. Ако возиш во планина, летно време, на високи температури и ако не сакаш да станеш мумија, и да не ти се пие, пиј! Ништо не е по лошо од дехидрација! При интензивни напори и потење , пиење само на вода не е доволно. Користи изотонични пијалаци за да не го нарушиш балансот на електролитите во организмот! Многу е важно!!! По напорно возење, едно до две пивца, голема работа завршуваат. Проверено! Само без претерување и само по возење!
|
|
Повеќе...
|
|
Имам 130кг, сакам да возам бајк за да ослабам, каков тип да купам? |
|
|
|
Мал е изборот но постои! Бајк во категоријата на jumping, Free Drive или All Mountain . All Mountain би бил вистинското решение - цврста рамка, квалитетни компоненти. НАЈДОБАР ИЗБОР: ЈАДИ ПОМАЛКУ!!!
|
|
Повеќе...
|
|
Возам бајк интензивно, но потчув дека влијаело на плодноста и потенцијата ? |
|
|
|
Нема докази! Мит! По опасно е цел ден да седиш во кожна фотелја!Сепак ако се сомневаш купи си седло прилагодено на машка (женска) анатомија. . Ако не те разубедив донирај ‘‘материјал‘‘ во банка па вади кога ќе имаш проблем! Во врска со потенцијата, само кажи му на некој од бајкерите што ги познавам дека се импотентни, очи ќе ти извадат, но вистината нема да ја дознаеш!
|
|
Повеќе...
|
|
Возам покрај кеј и стални ми се дупчат гумите! Има ли лек? |
|
|
|
Нема целосен! Нај добро но воедно и најскапо решение се тјублес гуми исполнети со млеко за ладна вулканизација. Постојат и силиконски ленти кои се местат помеѓу внатрешната и надворешната гума. Помага и надворешна гума со повисок крампон. Дупчењето на гумите е дел од возењето и затоа носи секогаш со себе прибор за лепење и пумпа! Или пак, вози трактор гасеничар!?
|
|
Повеќе...
|
|
Како да го чистам бајкот? |
|
|
|
Постојат специјални средства за чистење на бајкот. Различни производители – различни типови, но во главно има средства за чистење на веригата SRAM PitStop De-greaser за погонските делови, рамката и тркалата ... SRAM PitStop Bike Cleaner, за дисковите SRAM PitStop Disc Brake Cleaner. Важно е по чистењето на бајкот веригата да се подмачка со SRAM PitStop Chain Lube!Постојат и средства за заштита на бајкот од неповолните атмосферски влијанија SRAM PitStop Bike Protectant (polish) и тн. Во домашни услови може да се користи и Дуропал за одмастување на веригата и концентриран ‘‘сјај‘‘ за целиот бајк со плакнење со вода. Веригата може да ја подмачкате и со моторно масло 10-40. Ако сето ова ви изгледа сложено, дојдете во Бајкстоп, ние ќе го исчистиме и подмачкаме!
|
|
Повеќе...
|
|
Колку често треба да го сервисирам бајкот? |
|
|
|
Зависи од типот и интензитетот на возењето. Види на Бајкстоп сервис
|
|
Повеќе...
|
|
Како да го одберам велосипедот по големина? |
|
|
|
Одбирањето на велосипедот според возачот е сложена постапка за која постојат повеќе практични и теоретски постапки. Постојат повеќе табели, различни типови на мерни столови, дигитални калкулатори на интернет (само ги внесуваш твоите пропорции и ти ја дава големината на рамката) но, наједноставната мерка е да ја пречекориш рамката и меѓу долниот дел од телото и рамката да има 2 – 4 цм празен простор. Значи кога ќе рипнеш од бајкот кон напред да застанеш на нозете без да ја допреш рамката со ‘‘тој‘‘ дел од телото. Ситни корекции на големината на рамката може да се изведат и со замена на стемот и колчето од седиштето. За детали јави се во Бајкстоп.
|
|
Повеќе...
|
|
Сакам да почнам да возам велосипед но не знам каков да купам? |
|
|
|
Прво и основно е каде планираш да го возиш велосипедот, па со кој интензитет и за какво тип на возење станува збор (секојдневно по град, рекреативно по асфалтна подлога, натпреварувачки по асфалтна подлога, рекреативно во природа по макадам, натпреварувачки во природа по макадам, урбано во град, спуштање по стрмни падини, да патуваш од град до град ... за детали јави се во Бајкстоп.
|
|
Повеќе...
|
|
|